Неколку штитеници заминале, но неколку се вратиле во Јавните установи

Во билтенот на МВР се евидентирани случаи на деца кои заминуваат или исчезнуваат од јавните домови каде се штитеници, но и такви кои се вратиле.

На 08.11.2021 во СВР Скопје било пријавено дека на 07.11.2021 во 20.42 часот во Јавна установа за згрижување деца се вратила нивната штитеничка М.С.(17) за која на 05.11.2021 било пријавено дека се оддалечила од установата.

На 08.11.2021 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 07.11.2021 во 05.30 часот во СОС Детско Село се вратила нивната штитеничка М.Б.(16) за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од установата.

На 08.11.2021 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од Јавна установа за згрижување деца на подрачјето на Центар самоволно се оддалечиле С.Ј.(13), С.Ч.(14), Л.Д.(18) и М.А.(14), кои и претходно во повеќе наврати се оддалечувале и биле враќани назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 08.11.2021 во СВР Скопје било пријавено дека од Јавна установа за згрижување деца на подрачјето на Карпош се оддалечил Р.Џ.М.(14), кој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.