Обновени пешачките премини пред училиштата и градинките во Кисела Вода

Општина Кисела Вода спроведува акција за пребележување на пешачките премини на улиците пред сите училиштата и градиники на својата територија.

Пребележувањето, соопштија од општината, се врши со цел што поголема безбедност на учениците кои ги посетуваат основните училишта.

Покрај ова, пребележувањето ќе ја подобри и безбедноста и на останатите учесници во сообраќајот. Овие активности кои општината ги започна минатата недела според планот треба да завршат до почетокот на новата учебна година, информираат од општината.