Започна бележењето на пешачките премини во Гази Баба

Вчера, во Гази Баба, започна акцијата за обележување на пешачките премини, која од 2007 година па се досега, се случува секоја година со цел да се постигне поголема безбедност на пешаците во сообраќајот. За оваа акција задолжени се екипите на ЈКП Гази Баба и тие ја реализираат истата.

Вчера, градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше преку својот официјален фејсбук профил дека оваа година акцијата е веќе започната од Железара и Автокоманда, а во следните денови ќе продолжи и на локалните улици низ останатите населени места, додека приоритет ќе биде даден на улиците во близина на училиштата и градинките.

Исто така, градоначалникот на Гази Баба ги информираше граѓаните дека поради оваа акција сообраќајот на сообраќајната вертикална и хоризонтална сигнализација, на локалните улици, ќе биде оддржувана согласно утврден распоред.