Лулашка паднала и повредила девојче во Градскиот парк во Скопје, вчера, соопшти полицијата.
Настанот се случил вчера, а го пријавиле С.И. и А.И. во 22.10 часот во СВР Скопје.
Тие кажале дека додека биле на лулашки во Градскиот парк во Скопје, една од лулашките паднала и ја повредила нивната малолетна ќерка.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.