Лулашка паднала и повредила девојче во Градски парк

Лулашка паднала и повредила девојче во Градскиот парк во Скопје, вчера, соопшти полицијата.

Настанот се случил вчера, а го пријавиле  С.И. и А.И. во 22.10 часот во СВР Скопје.

Тие кажале дека додека биле на лулашки во Градскиот парк во Скопје, една од лулашките паднала и ја повредила нивната малолетна ќерка.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.