Голем дел од луѓето не можат да им одолеат на слатките, но дел од нив имаат многу шеќери и калории и не се добри за нашето здравје.
Ова е одличен рецепт за вкусна торта која брзо се подготвува.
Потребни состојки:
100 гр. печени бадеми
1 голема банана (околу 150 гр.)
50 гр. растопено кокосово масло
30 гр. какао
2-3 лажици кафеав шеќер
50 гр. исецкана темна чоколада
Начин на подготовка:
Рерната загрејте ја на 180 степени. Обложете го калапот со хартија за печење.
Во блендер измиксајете ги бадемите, исечената банана на ситни парчиња, кокосовото масло и какао. Потоа додајте го шеќерот, но внимавајте – не морате да претерувате ако е премногу зрела.
На крајот, додајте ја темната чоколада. Можете да додадете и јаткасти плодови, брусница и сл.
Печете околу 30 минути.
Оставете добро да се олади пред да сервирате.