Возачите по скопските улици ја забораат културата пред да влезат во своите автомобили

Се поголемиот број на возила во главниот град го намалуваат брзиот проток на сообраќај во термините кога одиме и се враќаме од работа, но за да настане вистински хаос на раскрсниците и булеварите придонесува и несовесното управување на возачите.

Непочитувајќи ја светлосната сигнализација, застанување со вклучени трепкачи на булеварите, зафатени автобуски стојалишта со паркирани возила, престојување од една во друга лента со надеж за побрзо движење е дел од секојдневието во Скопје.

Дел од возачите се револтирани од односот на другите особено кога сите патуваат и се враќаат од работа, а како најпроблематична група ги посочуваат такси возачите. За нив велат, не постои знак, правило, почит во сообраќајот, туку постои само патник кој треба да се земе и однесе, а тоа што нивниот однос е непрофесионален кон сите други учесници во сообраќајот тоа нема никакво значење. Сепак, граѓаните потенцираат дека за да се смени нешто на улиците потребно е свесно однесување во сообраќајот, култура и почит помеѓу возачите.

Надлежните на повеќе начини се обидуваат да го стават во ред сообраќајниот неред организирајќи трибини со едукативна содржина, кампањи, па и зголемување на сообраќајните казни се со цел зголемување на свеста кај возачите и подигнување на културата во управување на возилата.