ЈСП ќе вработи 233 лица по етнички клуч

Во ЈСП – Скопје за оваа година се планираат 233 нови вработувања. Како што се предвидува во Одлуката за изменување на Годишниот план за вработување во ЈСП за 2019 година, што денеска се најде на одобрување пред советниците на Град Скопје, вработувањата се предвидени да одат по етнички клуч.

Најмногу, или 128 лица се планира да се вработат од албанската етничка заедница, потоа 38 од ромската, како и 14 Турци, 11 Бошњаци, 4 Власи, двајца Македонци, еден Србин и 13 од други националности. Интересно е дека во Секторот за поддршка на директорот на ЈСП, односно одделот за односи со јавност и меѓународна соработка ќе се вработат 10 извршители.

Новите вработувања во Годишниот план се оправдуваат дека се прават поради зголемен обем на работа, но и поради, како што се вели, планирани пензионирања и најавени заминувања од работа на 30 лица.

Граѓаните реагираат на вработувањата по етнички клуч. Велат дека не е само ЈСП случај туку речиси секаде во државните инстутуции, општините и јавните претпријатија, наместо вработување по стручност и квалитет, се добива работа по етничка застапеност.