173 санкционирани возачи во Чаир и Чучер Сандево

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на Чаир и Чучер Сандево изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 22 нерегистрирани возила, 2 за возење под дејство на алкохол, 18 санкции за неносење на заштитна маска и 98 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.