Вкупно 155 казни напишала полицијата во Скопје во текот на вчерашниот ден

Како што соопшти МВР во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 155 санкции, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 мерки, девет санкции за возење без возачка дозвола, три мерки за користење на мобилен телефон, две санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло.

Од МВР со Апел до граѓаните да се почитуваме сообраќајните правила и прописи се цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.