Скопјанец нападнат со ланец и секира пред внуците

Скопјанецот И.И. (42) вчера пријавил дека околу 22.50 часот, додека седел во неговата куќа со неговите внуци, дошле Е.Г.(47) и К.Г.(27) кои физички го нападнале.

-Тие го удирале со ланец кој го носеле со себе, а потоа и со секира која ја одзеле од И.И. со што му нанеле видлива повреда  во пределот на главата, информираат од полицијата.

По преземени мерки двете лица биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.