Истражување спроведено од British Medical Journal тврди дека не треба да им стануваме на постарите во автобус. Според нив, на постарите лица им е потребна поголема физичка активност, па поради тоа е добро тие да стојат во автобус.
Докторите велат дека стоењето е одлична вежба за целото тело која на тие години е многу потребна за правилно функционирање на мускулите. Физичката активност на постари години е многу поефикасна од апчиња и спречува разни здравствени проблеми.
Тие исто така советуваат и дека е добро да ги охрабрите постарите и да им објасните зошто стоењето е корисно за нив.
Сепак, ако некој постар човек очигледно изгледа изморено или е толку натоварен што добро би му дошло да седне, отстапете му го местото.