Се реконструира улицата Коле Неделковски во Општина Центар

Општина Центар ја реконструира улицата Коле Неделковски, на потегот од кружниот тек до булеварот Илинден.

Се асфалтира коловозот на површина од 652 м2 и се поставуваат нови павер елементи на тротоарите на површина од 360 м2. Се врши замена и на рабниците во должина од 360 метри.

Улицата беше во катастрофално лоша состојба и жителите реагираа и се жалеа до општината и до градоначалникот Андреј Жерновски на ударните дупки и многуте прекопи создадени од новите згради.

Улицата Коле Неделковски, која е изградена во 30-тите години од минатиот век, досега не е комплетно реконструирана. Пред дваесетина години е поставен асфалт, кој беше речиси целосно уништен.

Во мандатот на новото раководство, ова е 16-та улица која Општина Центар ја реконструира во Дебар Маало.