Неодговорноста го загуши Скопје во ѓубре

Македонската метропола се гуши во ѓубре на сите страни. Речиси да нема чиста општина во главниот град кој наместо да биде огледало станува депонија.

На секој чекор може да се видат контејнери свртени наопаку. а ѓубришта отпадоци и што ли уште не каде и да се свртиш.

Смрдеата се шири од сметот кој е расфрлан по улиците.

Иста е состојбата и на автобуските постојки каде нема канти за ѓубре.

„Ова е срамота. Ова ни е огледалото пред светот. Странците доаѓаат да го видат Скопје а насекаде депонија. Тука нема место за напаѓање на комуналците. Се фрла насекаде“, реагираше еден случен минувач.

Нехигиената е главната карактеристика на градот, бидејќи диви депонии има и по населбите и во централното подрачје. Бодат очи преполните контејнери во чие празнење многу често на комуналците „им помагаат“ собирачите на пластика, потоа претоварените кошнички за ситен отпад, ѓубриштата во парковите.

Се поставува прашање кој е повеќе виновен за нехигиената на градот, дали оние што чистат или можеби неговите жители кои покажуваат недоволна грижа за тоа.