Скопјани на социјалните мрежи: Вака повеќе не може, новата директорка на КХС мора да го чисти Скопје

Скопје од ден на ден, се повеќе тоне во ѓубре, а скопјани на социјалните мрежи реагираа за оваа појава. Расфрлано ѓубре, полни контејнери, валкани улици полни со прашина и ѓубре – ваква е секојдневната слика за главниот град.

Граѓаните на социјалните мрежи ја повикуваат новата директорка на јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ да го чисти градот.

- Ова веќе вака не смее да дозволи, Скопје веќе не личи на ништо, велат тие на социјалните мрежи и додаваат дека цело Скопје се гуши во прав и шут.