Не живееме во минатото или иднината: Сѐ што се случува, се случува токму сега

Малкумина од нас всушност живеат во сегашниот момент. Повеќето од нас живеат или во минатото или во иднината, не сфаќајќи дека сѐ што постои – постои баш сега. Сегашноста е време кога создаваме. Живееме во сегашноста. Не живееме во вчерашниот или идниот ден. Сѐ што се случува се случува токму сега. Сѐ останато е производ на нашите мисли, гез оглед на тоа дали се врзуваме за минатото кое нема да се врати или се врзуваме за случувања кои уште не се ни случиле. 

Ние сме моќни битија. Универзалната сила која нѐ создала сѐ уште живее во нас. Ние сме дел од таа сила, а сите заедно создаваме една целина. Да се обидеме да не го забораваме тоа. Човек поседува толку многу моќ во себе, но го заборавил тоа, поради околностите во животот. Поседува моќ за создавање и бирање на сопствените мисли, а сето тоа се случува баш во овој момент. Затоа и треба да се работи на тоа за да освестиме за важноста на овој наш сегашен момент.

Најдобриот начин за тоа е набљудувањето. И саморефлексијата. Внимавајте и обрнете внимание на тоа како живеете. Дали сте присутни? Додека одите по улица, дали уживате во моментот или имате уште 1000 други работи на памет? Дали ја забележувате природата околу вас? Дали го забележувате светот околу вас? Дали се чувствувате спокојно таму каде што сте или мозокот ви работи постојано, толку брзо што и самите не можете да се справите со вревата на вашите сопствени мисли?  

Дали навистина мислите дека сте тука и сега, со целото свое битие? Дали го забележавте оној прекрасен цвет покрај кој поминавте? Дали го забележавте детето кое ви се насмевна со толку многу безгрижност и искреност? 

Реално, малкумина од нас ги забележуваат овие работи. Потребно е вежбање и упорност, затоа што околу нас има многу пречки. Но, секој момент е добар момент за вежбање. 

Запомнете: Сѐ што имаме е сегашниот момент и промената се случува токму во овој даден момент. 

Од таа причина, мудро искористете го вашето време, вежбајте! Набљудувајте, едноставно набљудувајте и вложете напор за да го забележите светот околу себе.

latest Running Sneakers | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Gov