Како да се помирите со минатото?

На многумина од нас ни се случиле лоши работи во минатото, на некои повеќе, на некои помалку. Не можеме да порекнеме дека некои поминале низ многу лошо искуства. Но, какво и да било нашето минато, потребно е да се ослободиме. Главната преовладувачка енергија која е поврзана со нашето минато е повреденоста. Некој ден од нас бил повреден. Нашето минато е работа на повреденоста и држењето за тоа чувство. Се држиме за она што се случило. И сега замислете дека нешто држите и го носите со себе со децении. Затоа говорите дека сте исцрпени и уморни од животот. 

Како можеме да се ослободиме од тоа?

Еве една одлична вежба. Секој од нас на телото има белег од некоја избледена рана. Зарем не? Не сте ни помислиле на таа избледена рана додека не го поставив прашањето. Е па токму на тој начин се ослободувате. Не сте помислиле „Како ќе се ослободам од својата рана?“ Таа станала дел од вашата филозофија. 

Психолошки, ви имате емотивна рана која уште не сте интегрирале. Со интегрирање на таа рана, вие всушност се ослободувате. Велите „Да, тоа било дел од моето минато“. Каква врска има тоа сега со вашиот сегашен живот? Никаква. Освен фактот дека целосно не сте го интегрирале тоа.

Прифатете го своето минато – во целост!

Тоа не е така лесно, но потребно е да го земете во раце тоа мало дете кое некогаш сте биле и да го сакате до бесвест. 

Вашето минато не е лошо. Вашето минато е ваше минато. И вашето минато од вас бара една работа – а тоа е љубов.

~ Питер Крони, британски тренер и мотивациски говорник