На граѓаните во моментов не им требаат ТВ дуели: Ковачевски не ја прифати поканата на Мицкоски

Во контекст на актуелните политички случувања во земјава околу уставните измени, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачески да се соочат на ТВ дуел.

Ковачевски во интервју за „Канал 5“ кажа дека на граѓаните во моментов не им требале ТВ дуели.

- Во моментов на граѓаните не им требаат дебати. На граѓаните им треба обединетост за продолжување на европскиот пат. Бенефитите за граѓаните од тоа се поголеми пензии, поголеми плати, тоа што го сакаат граѓаните. Граѓаните се иселуваат во земји членки на ЕУ, или САД или во Австралија, но најмногу во ЕУ, кажа Ковачевски во интевју за „Канал 5“.