„Ковачевски не може да обезбеди Слупчане да плаќа струја, а не пак да обезбеди европска иднина“, вели Стоилковски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски вели дека премиерот Димитар Ковачевски не може да обезбеди Слупчане да плаќа струја, а не пак да обезбеди европска иднина на државата.

- Ковачевски не може да обезбеди едно село како Слупчане да  плаќа струја и да се постават струјомери на сите куќи, а не пак да обезбеди европска иднина, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски побара од Ковачевски да обезбеди „консензус за плаќање на струја“, а потоа да зборува за национален консензус.

- Епска драма приреди во Слупчане. Нека обезбеди консензус за плаќање на струја, само во едно село, да не се краде струја, да се постават современи струјомери, пред да зборува за национален консензус. Човекот купува време за да се докраде сè што може како власт.Стоилковски порача:-Единствено за што е возможен консензус е консензус за предвремени избори, вели Стоилковски.