МВР соопшти детали за починатата жена извлечена од водите на Вардар

Вчера беше пронајдено тело на 55-годишна жена во водите на реката Вардар.

- На 02.01.2023 во 12.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во реката Вардар, во близина на мостот кај с.Кочилари, велешко, полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар при Министерство за внатрешни работи ја пронашле почината М.К.(55) од с.Сојаклари, велешко, информира МВР.

За неа на 31.12.2022 во СВР Велес било пријавено дека се оддалечила од домот.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.