Безживотно тело на маж пронајдено во Вардар

Пронајдено е тело во водите на реката Вардар, ќе се идентификува дали е возачот на автомобилот кој на 27 септември падна од мостот во Желино, во реката Вардар.

– СВР Тетово заедно со пожарникарите од 8 часот се на терен. Во 10.40 е пронајдено безживотно тело на машко лице во непосредна близина на Касарната Еребино, до Втора капија. Ќе се врши идентификација на телото – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Потрагата по исчезнатиот 22-годишен кумановец започна веднаш откако беше пронајдено неговото возило во Вардар.