
44-годишник од Велес се повредеил на работното место.
- На 16.05.2024 во 13.04 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен З.Ѓ.(44) од Велес. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во приватна фирма на подрачјето на Ѓорче Петров, информираа од полицијата.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а за настанот бил запознаен и трудов инспектор.