Мусли-колачи со мед

Дали сте размислиле наместо обична каша, од муслите и овесот да подготвите колачи?

Воопшто не е тешко, а можете да бидете и креативни и да испробувате различни комбинации.

Состојки:

300 гр мусли со парчиња чоколадо (или по желба)
100 гр интегрално брашно
Малку сода бикарбона
Едно јајце
100 гр мед
100 гр стопен путер (или масло од кокос)

Подготовка:

Брашното измешајте го со мусли, ставете го путерот, сода бикарбона и месете да добиете ронлива содржина. Ставете го јајцето и измешајте добро. 

Во смесата можете да додадете и суво овошје, сецкани јатки или уште парчиња чоколадо. 

Правете топчиња и редете ги на тава за печење, со доволно растојание меѓу нив. Печете на 180 степени околу 20 минути.