Муцунски на средба со грчката амбасадорка и порачал дека остануваме посветени на соработката и добрососедски односи

Министерот за надворешени работи и трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбсадорката на Грција, Софија Филипиду. Министерот и порачал на амбасадорката дека Македонија останува силно посветена на унапредување регионалната и мултилатералната соработка, пред се како партнери и сојузници во НАТО алијансата.

„Истакнав дека нашиот интерес е градење добрососедски односи кои се пред се во функција на просперитетот, безбедноста и стабилноста на регионот, а во таа насока потенцирав дека остануваме отворени за дијалог за унапредување на билатералните односи и сите прашања од заеднички интерес“ напиша Муцунски