Му го украле, па му го запалиле „Нисанот“

Во текот на изминатата ноќ, некаде помеѓу 21 и 6 часот наутро, било пријавено дека непознати сторители украле автомобил, од паркинг на улицата „Стокхолмска“. Автомобилот марка „Нисан Сани“ со скопски регистарски таблички, во сопственост на Л.А. бил подоцна најден од страна на полицијата на обиколницата надвор од Скопје. 

Авотмобилот е лоциран во 6 и 15 часот изутрината кај надвозникот за с.Кондово-с.Волково целосно опожарено. Увид извршиле екипи на СВР-Скопје и се превземаат мерки за да се пронајдат сторителите.