Четири запалени автомобили во Скопје, МВР молчи

Во Скопје за помалку од еден час се регистрирани 4 опожарени возила на повеќе локации во Скопје според извори од полицијата пренесе порталот Инфомакс. Од министерот Спасовски сеуште нема никаква реакција на настаните. 

Во 4 часот и триесет минути на паркингот на улицата „Јани Лукровки“ биле опожарени Ауди А3 со кривопаланечки регистрации и автомобил Даеву Ланос со скопски регистарски таблички. Петнаесетина минути подоцна друг граѓанин пријавил дека на улица ,,Букурешка’’ запален е автомобил марка Ауди А6, а во пет часот наутро истиот човек пријавил дека гори Опел Астра во општина Карпош.

Во јавноста нерасчистувањето на овие настани пројавува сомнение дека блискоста на луѓе од владата на СДСМ и Зоран Заев со матни ликови од криминалното подземје е причина зошто овие случаи Оливер Спасовски не ги расчистува.