Се запалил автомобил во движење на излезот од селото Брезница

Вчера на излезот од с.Брезница се запалил автомобил управуван од дваесет и шестгодишен скопјанец.

Според извештајот на Министерството за внатрешни работи (МВР), на 10.07.2022 во 13.44 часот во СВР Скопје било пријавено дека на излез с.Брезница, скопско, настанал пожар во патничко возило во движење „Сеат Леон“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.И.(26) од Скопје. 

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.