Млади активисти со акција за чистење на Охридското Езеро

„Во езеро пливај, а отпадок рециклирај“ е мотото за подигање на свеста кај заедницата, особено кај младите за заштита на Охридското Езеро и животната средина.

Тие со скулптура направена од пластичен отпад прикажаа работи, кои најчесто се фрлаат во езерото и кои наместо да загадуваат би можеле да се рециклираат.

Младински Центар Охрид во соработка со Младински образовен форум Скопје ја организираа оваа акција. Инаку Охридскиот клуб за артивизам е еден од 10-те во државава, кои работат на создавање креативни и атрактивни содржини на најразлични теми, кои се од интерес на младите.