Минусни температури во Македонија, во Берово -19

Од Управата за хидрометеорошки работи известуваат дека најниската температура денес измерена била во Берово -19, додека најтопло било во Дојран -2. До 7:30 часот -18 измерени се во Битола -13 во Тетово, -12 во Прилеп, Демир Капија и Дебар, -11 во Скопје-Петровец и Маврови Анови, -9 во Крива Паланка, Штип и Кавадарци, -8 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Крушево, Претор, Виница и Попова Шапка, -7 во Охрид и Куманово и -4 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 22 сантиметри во Маврови Анови, 18 во Битола и Попова Шапка, 16 во Дебар, 15 во Тетово, 14 во Ѓуриште, 13 во Берово, 12 во Крушево, 11 во Лазарополе, 9 во Претор, осум во Охрид, седум во Демир Капија, три во Струмица и Прилеп, два во Штип и еден сантиметар во Крива Паланка.

https://adserver.mk/revive-adserver/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=172&loc=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fmacedonia%2Fnajstudeno-vo-berovo-izmereni-19-stepeni%2F&referer=https%3A%2F%2Fwww.bing.com%2F&cb=bdd4d661d3Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро, тивко и студено време. Во Демир Капија има магла со ограничена хоризонтална видливост од 50 метри, а појава на слаба магла има во Битола.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, тивко и студено. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени.

Во Скопје сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне три степени.