Мицкоски: Со „Алказар енерџи“ обезбедивме 630 нови работни места

"55 ветерници што ќе произведуваат еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови", порача утрово на својот ФБ профил новиот премиер Христијан Мицкоски.

На својот Фејсбук профил утрово, новиот премиер Христијан Мицкоски објави значајна инвестиција во енергетскиот сектор на Македонија. Со вложување од околу 450 милиони евра од „Алказар енерџи“, земјата ќе обезбеди целосна енергетска независност. Проектот вклучува изградба на 55 ветерници, што ќе произведуваат еден терават час електрична енергија, доволно за 100.000 македонски домаќинства, и создавање на 630 нови работни места.

''Денес објава на инвестиција од „Алказар енерџи“ oд околу 450 милиони евра за целосна енергетска независност на Македонија, вклучувајќи струја за 100 000 македонски домаќинства од овие ветерници, 55 ветерници што ќе произведуваат еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови, приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава, нови 630 вработувања, најголемата инвестиција во сегментот на парк со ветерници. Ветив работа за народот и тоа го остваруваме", порача утрово на својот ФБ профил новиот премиер Христијан Мицкоски.