Мицкоски: Прва владина седница кон крајот на неделата

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека првата владина седница ќе се одржи кон крајот на неделата. Донесени ќе бидат, како што рече, неколку одлуки, од кои повеќето формални. 

Тој воедно најави и дека ќе се почне со работа на новото законско решение за линеарно зголемување на пензиите. 

Одговорајќи на новинарски прашања Мицкоски истакна дека новата Влада ќе гради онаму каде што нејзините претходници оставија неуспешни проекти.