Паднато дрво во Карпош, поплавена фирма во Скопје

Оштетени возила, паднати дрвја, поплавeни површини во Скопје. Ваков е епилогот од состојбата во текот на ноќта, предизвикана од невремето што вчера го зафати главниот град.

„На 112 во ЦУК, доцна синоќа во 03:22 часот, добиена е пријава за паднато дрво врз три возила, како и на коловоз на ул.„Разловечко востание“ бр.16 (Општина Карпош).Дрвото е паднато поради временската непогода – силен ветер и обилни врнежи“.

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека увидна екипа на МВР била на лице место и направила увид, а воедно било интервенирано и од надлежна служба за остранување на проблемот.

ЦУК известува дека утрово во 06:09 часот, е добиена е пријава за уште еден оштетен автомобил, на истата улица, но на бр.12.

„Во ЦУК на 112, е добиена пријава дека при невремето причинета е материјална штета во погонот на „Ла Пласт“, во Скопје, односно истиот е поплавен. Од она што е пријавено најверојатно постои проблем со атмосферската канализација или пак е пукната цевка, при што водата тече по улица и се слева во неговите погони. Во моментот објектот се наоѓа поплавен до 50 сантиметри под вода“ се вели во соопштението