Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дебатата „Важно е“ кажа дека следните 100 ќе бидат клучни да имаме кредибилен изборен процес. Тој притоа посочи дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да има 61 пратеник за да се овозможи трансформација на Македонија.
- “Следните 100 дена се суштински за да имаме колку толку кредибилен изборен процес. На секој човек му е јасно дека на следните избори ќе победи ВМРО ДПМНЕ.Целта ни е да освоиме 61 пратеник за да се овозможи целосна трансформација на Македонија“, кажа Мицкоски
Тој нагласи дека ќе покажат нешто поразлично од ова што било досега и додаде дека петте нивни претставници во техничката влада ќе го покажат тоа во следните 100 дена.
- “Ценам дека овие пет професионалци ќе покажат дека не се сите исти и на 8 мај ќе славиме“, посочи Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ одржува дебата на која учествуваат лидерот на партијата Мицкоски, Панче Тошковски, предложен кандидат за технички министер за внатрешни работи, Ѓоко Велковски, предложен кандидат за технички министер за труд и социјална политика, Елена Петрова, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за финансии, Цветан Трипуновски, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Стефан Андоновски, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.