Мерка „апси“: Скопјанка наместо во авион, завршилa со лисици

Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово на „Меѓународен аеродром Скопје“ била приведена М.М.К.(44) од Скопје.

Утрово во 04.00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при пасошка контрола и проверка било констатирано дека М.М.К.(44) од Скопје се наоѓа на листата со мерка ,, А“(апси) по барање на СВР Скопје. М.М.К. била  приведена.