Приведени две лица при претрес во Битола, им била пронајдена дрога

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во две куќи во Битола во сопственост на  Џ.М.(22) и И.М.(23), двајцата од Битола, при што на двете локации пронајдени се четири најлонски паковки со марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна кривична пријава  се вели во соопштението на МВР.