Македонија доби нова Влада на чело со Христијан Мицкоски

Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани доцна синоќа беше изгласана новата Влада.

Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а ова е 20-та влада од осамостојувањето на Македонија. Во Владата ќе има 23 министри, а од нив пет ќе бидат и вицепремиери. Мицкоски во заклетвата го користеше уставното име Република Северна Македонија, претходно појаснувајќи дека придавката Северна за него е срамна, но во моментов е немоќен.

„Ќе ја кажам срамната придавка пред заклетвата затоа што тоа мене лично ме потсетува на срамот што и го нанесовте на мојата татковина, на моето семејство и моите неродени внуци и на тие по нив. И да ќе правам се додека сум жив политички и како човек се што е во моја моќ оваа неправда да ја исправам, за жал во овој момент сум немоќен и во овој момент и јас како човек ќе морам да капитулирам пред вас и да ја кажам таа срамна придавка затоа што таа за жал е дел од законот и Уставот што морам како претседател на владата да ги почитувам“, рече Мицкоски.

Новиот премиер рече и дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат.

Министрите на ВМРО ДПМНЕ:

Владо Мисајловски, министер за одбрана
Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и трговија
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
Александар Николовски, министер за транспорт – вицепремиер
Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците – вицепремиер
Гордана Димитриеска Кочовска, министер за финансии
Сања Божиновска, министер за енергетика
Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
Весна Јаневска, министер за образование и наука
Златко Перински, министер за локална самоуправа
Зоран Лутков, министер за култура и туризам
Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
Борко Ристовски, министер за спорт
Лупчо Димовски, вицепремиер за политички систем
Шабан Салиу, министер без ресор, за спроведување на декадата на Ромите

Министрите на коалицијата „Влен“

Изет Меџити, прв вицепремиер, министер за екологија
Арбен Таравари, министер за здравство
Бесар Дурмиши, министер за социјална политика, демографија и млади
Фатмир Лимани, министер за економија и труд.
Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење
Орхан Муртезани, министер за евроинтеграции

Министрите на „ЗНАМ“

Игор Филков, министер за правда
Горан Минчев, министер за администрација. 

Фото: VOA