Мафини по рецепт на баба

Направете мафини со какао кои имаат супер вкус.

Состојки:

3 јајца 

1 шолја шеќер 

½ шолји масло 

1 шолја кисело млеко 

1 лажиче сода 

2 шолји брашно 

2 лажици какао

Подготовка:

Се матат јајцата со миксер, а во киселото млеко се става сода да се активира и малку се меша. 

Се додаваат во јајцата шеќер, киселото млеко со сода и се мати, па се ставаат масло, постепено и брашното. 

Се става масло на калапи за мафини, па малку брашно. 

Се става пола од смесата, а во другата половина се става какаото и се меша. 

Се става и оваа смеса во калапите. 

Се печат на 180 степени 25 минути. 

Декорирајте по желба.