Љубе Бошкоски на слобода

Љубе Бошковски денеска е пуштен од затворот Идризово. Бошковски од затворот го земал негов роднина и според информациите на НОВА тој веднаш се упатил кон родното село Челопек.

Бошковски беше осуден со казна затвор од 5 години за случајот Кампања. Тој беше обвинет дека незаконски ја финансирал изборната кампања и во три наврати од загрозениот сведок зел 130 илјади евра.

Беше уапсен во 2011 пред ресторанот Воденица и помина 5 години во затвор.