Кучиња скитници искасале луѓе во Скопје, Прилеп и во Битола

Вчера, во 16.40 часот, во Полициската станица Драчево, С. Р. (42) од Скопје пријавил дека на улицата Иван Хаџи Николов бил каснат од куче скитник.

Истиот ден, во 12 часот, во СВР Битола, П. П. (60) од Битола пријавил дека на улицата Пелистер бил каснат од куче скитник.

И 56-годишниот А. Ш. од Прилеп во полиција пријавил дека на локалниот пат помеѓу селата Дупјачани и Дреновци бил каснат од куче скитник.