Фото: Изработен проект за изградба на прифатилиште за кучињата скитници во Струга

Општина Струга информира дека се подготвува проект за прифатилиште за бездомните кучиња.

- По отпочнувањето на процедурите за третирање на кучињата скитници, градоначалникот Рамис Мерко подготвува проект за прифатилиште за бездомни кучиња и воедно упати барање до Владата да помогне во реализацијата на овој проект, преку заеднички средства или од ИПА фондовите, информираат од општина Струга.

Градоначалникот Мерко апелираше и до организациите за заштита на животните посериозно да се позанимаваат со оваа проблематика, не само да се грижат за кучињата, туку и да иницираат заштита на луѓето, следење на луѓето кои ги растоваруват кучињата во нашиот град и нивно пријавување до надлежните институции.

- На пошироката струшка јавност добро и е познато ова прашање и сите сме свесни колку каснувања предизвикале овие кучиња, колку страв сеат, особено кога станува збор за деца, дами и нашите постари родители или други беспомошни лица. Наш приоритет секогаш ќе остане безбедноста и здравјето на нашите граѓани, но и заштитата и зачувувањето на животните, се вели во соопштението.