Концерт за Кико ќе има, неговиот татко ќе собере сили да се обрати пред присутните

Најавениот концерт за Кико во Штип сепак ќе се одржи. 

 20-годишното момче кое не дочека да се лекува во Турција и покрај тоа што се собра сумата за лекување, почина од тешката болест во петокот, а јутберот Стефан Лазаров кој беше еден од иницијаторите на големата хуманитарна акција која ја сплоти цела Македонија денеска се обрати на фејсбук. 

- Како една од последните желби на Кико и неговото семејство е утре да се одржи хуманитарниот концерт за Кико во „Ацо Шопов“ салата во Штип со почеток од 21:00 часот. Неговиот татко ќе собере сили и ќе се обрати на сите присутни. Сите собрани средства ќе бидат донирани, напиша Лазаров. 

Цената за карта е 200 денари, а на концертот ќе настапат: Тајзи, 2 Бона, Таско, Пајак, Лина Пејовска, Огнен Здравковски, Барбара Ракичевиќ, Срефан Лазаров и ДЈ Боно.