Кога ви е тешко на срцето, сетете се на овие зборови

Постојат луѓе кои силно сакаат, силно чувствуваат и даваат сѐ од себе за да им помогнат на другите луѓе.

Тие луѓе се често емоционално исцрпени. Ако се потрудат да им го објаснат тоа на другите луѓе, никогаш нема да успеат во тоа. Што би рекле? Дека толку многу им даваат на другите луѓе, така што во нив останува само празнина?

Овие луѓе секогаш се трудат да бидат помалку чувствителни, не сфаќајќи дека тоа што го имаат во себе е ретко и вистинско богатство. Понекогаш им завидуваат на другите луѓе кои се однесуваат како да немаат чувства и кои не ги допира ништо. Кога им е тешко и се тажни, не се свесни дека иако силно ја чувствуваат тагата, сепак за разлика од другите луѓе, тие силно ја чувствуваат и среќата и убави нешта во животот.

Овие луѓе имаат огромна сила во себе, а не се ни свесни за тоа. Мислат дека тоа е проклетство од кое треба да се ослободат, а тоа е всушност богатство.

Бидете горди на својата сила. Бидете горди на тоа што сте минале милион нешта во животот и пак го сакате со целото битие. Бидете среќни што не сте лоши личности, што немате бес во себе, а највеќе од се – бидете благодарни што можете да ги чувствувате сите убави нешта на овој свет.