Овие зборови треба да ги читаме секој ден

 

Антон Чеков е еден од најзначајните руски писатели. Тој се родил на 29 јануари 1860 година, а починал на 15 јули 1904 година. Студирал медицина на Универзитетот во Москва и бил лекар, но се занимавал со пишување уште од средношколските денови. Освен по делата, познат е и по мудрите мисли кои и ден денес се цитираат.

Во продолжение прочитајте мудри мисли кои треба добро да се запомнат и препрочитуваат:

„Човекот е она во кое верува.“

„Честа не може да се одземе, може само да се изгуби.“

„Не можете да барате од калта да не биде кал.“

„Човекот целиот живот живее, цел век учи, но само несреќата ќе нè научи.“

„Вториот дел од животот кај паметниот човек се состои од ослободувањето од лудостите и предрасудите и погрешните мислења кои ги стекнал во текот на првиот дел од животот.“

„Здравиот човек има илјада желби. Болниот само една.“

„Ни љубовта, ни пријателството, ни почитта, не можат толку да ги зближат луѓето колку заедничката омраза.“

„Животот всушност е многу едноставна работа и човекот треба да вложи многу напор за да ја расипе.“

„Да чувствувате љубов без запирање, дури и во моментите на тага и жалост, треба да знаете да бидете задоволни со сегашноста и да уживате во сознанието дека може да биде и полошо.“

„И за илјада години од сега, човекот исто вака ќе издишува: „Ах, тешко е да се живее“ – и исто вака, како и сега, ќе се плаши и нема да сака да умре.“