Кога ќе станете наутро сетете се на тоа дека имате 2 избори: добро или лошо расположение

Џери е менаџер на ресторан кој е секогаш добро расположен. Кога и да го прашаат нешто, тој вели: Јас избрав добро расположение денеска, како и секој друг ден.

Тој умее да ги мотивира луѓето, да ги насмее, но и да ги расположи. Ако некој од  колегите ги однесат во друг ресторан, тие се тажни бидејќи не се со Џери. Често се прашуваат која е неговата тајна, зошто е постојано расположен, а тој го вели следното:

Секое утро се будам и сфаќам дека имам 2 избори: Лошо или добро расположение. Секогаш го одбирам доброто. Секој пат коа ќе се случи нешто лошо, знам дека можам да изберам да бидам жртва или пак да научам нешто од тоа. Секогаш го одбирам учењето, бидејќи не сакам да се гледам себеси како жртва. Кога некој ќе дојде и ќе почне да ми се жали, можам да ја прифатам неговата жалба, да го жалам и јас него или пак да ја истакнам позитивната страна на живеењето. Јас го правам она второто.

Но, не е секогаш лесно, му велат колегите.

Лесно е, вели Џери. Сите работи во животот се дел од нашите избори. Што и да направиме, имаме избор за тоа. Бираме и како ќе реагираме на ситуациите кои ни се случуваат во животот. Избираш и како другите ќе влијаат на твоето расположение. Бираш добро или лошо расположение.

Еден ден Џери направил нешто што никој не очекувал од него. Ја оставил задната врата отворена, така што влегле крадци во неговиот ресторан и тој бил застрелан. Додека лежел на подот, тој си рекол: можам да умрам или да живеам. Можам да се кааам бидејќи не ја заклучив задната врата, но тоа помина и нема да го направам тоа. Сакам да живеам.

Додека бил во болница, на докторите им рекол да не го третираат како да е умрен, дека тој е жив и дека ќе остане жив. Тие го гледале чудно, бидејќи не мислеле дека може да биде спасен, но сепак направиле се што можат. Кога тој се разбудил по операцијата, му рекле дека во живот го одржал неговиот победнички став и позитивна енергија.

Џери преживеал благодарение на докторите, но и на својот став. Од него можеме да научиме многу.