Како да го подобрите своето расположение на студеното време?

За оние кои не ја сакаат толку многу зимата, студените денови навистина можат да предизвикаат депресија и неактивност. Често, времето го минуваме во тренерки или пижами гледајќи телевизија, чекајќи го летото. Сепак, постојат неколку едноставни и не толку скапи нешта кои можат да го подобрат расположението кога ни е потребно тоа.

Излезете на свеж воздух и светлина

Кога времето е студено надвор, последното нешто што ви доаѓа на памет е да излезете и прошетате. Но, тоа е многу важно. Обидете се во текот на паузата додека работите или учите да излезете на дневна светлина и свеж воздух. Светлината ќе го поттикне лачењето на серотонин и ќе го подобри вашето расположение. Дишењето свеж воздух придонесува за намалување на  стресот и смирување на нервниот систем, намалување на крвниот притисок, подобрување на севкупната благостојстба и ќе ја поттикне циркулацијата на кислород во крвта.

Јадете храна која го подобрува расположението

Наполнете ја својата чинија со храна која му помага на мозокот. Најдобрата храна за тоа е:

 - лосос, ленено семе, ореви. Тие се богати со омега 3 масни киселини, кои се важни за намалување на воспаленијата и инфекциите во телото, подобрување на расположението и намалување на нервозата.

 - јајца. Тие содржат холин – хранлива состојка која се користи за создавање ацетилхолин  - невротрансмитер кој е клучен за добро функционирање на нервниот систем. Јајцата се одличен извор и на аминокиселини, кои исто така го подобрувааат расположението.

 - боровинки. Ова овошје е богато со антиоксиданти и антоцианини, кој го намалуваат влијанието на слободните радикали и подобро функционирање на мозокот.

 - ферментирана храна. Се препорачува конзумирањето јогурт, кефир, комбуха и останати производи кои се богати со пробиотици. Тие се директно поврзано со дигестивниот тракт, а придонесуваат за подобрување на расположението и значително намалување на стресот.

 - слатки компири, спанаќ, сончоглед, мисиркино месо. Оваа храна е богата со витамин Б6, кој е клучен за функционирањето на нервниот систем и помага во лачењето серотонин и допамин.

Носете облека во боја

Кога времето е студено, избегнувајте ги темните бои бидејќи тие дополнително го расипуваат расположението. Носењето светли бои помагта да се чувствувате среќни. Таквите бои секогаш привлекуваат насмевки и позитивна енергија.

Смејте се

Кој се чувствува лошо по добра смеа? Познавате некој таков?

Во едно истражување во кое биле вклучени повеќе од 250 депресивни жени, било утврдено дека смеењето било многу корисно. Дополнителни истражувања покажуваат дека смеењето ја намалува анксиозноста и несоницата, го подобрува севкупното здравје, ги релаксира мускулите и им помага на пациентите да размислуваат попозитивно.

Немате причина за смеење? Пуштете си смешна серија или гледајте смешни YouTube видеа.

Вежбајте

Постојат многу истражувања кои потврдуваат дека редовното вежбање придонесува за позитивно влијание на мозокот. Тоа ја намалува тензијата и нервозата, го подобрува расположението, ги зголемува нивоата на трансмитери во мозокот и го поттикнува лачењето ендорфини.

Освен тоа, вежбањето помага да се спие подобро, да се одржува здрава тежина и да се подобри кардиоваскуларното здравје.