Науката потврдува дека прошетките можат да ви го подобрат расположението!

Општо е познато дека прошетките можат да ве расположат. Истражувањата покажаа дека сонцето и природата можат да го подобрат вашето расположение, дополнително можете да уживате во тоа што бегате од вашата секојдневна рутина или знаењето дека правите нешто добро за вашето тело. Но, според едно најново истражување, прошетките можат да го зголемат вашето чувство за благосостојба, дури и кога не го очекувате тоа.

Еден тим на истражувачи се собрале и направиле три истражувања за тоа како шетањето влијае на расположението. Едното истражување вклучувало 232 студенти. Учесниците се појавиле во мали групи од 1 до 4 луѓе и им било покажувано 10-минутно, бавно видео за кинеска архитектура. Им било кажано дека истражувачите ги следат нивните реакции кога се изложени на непозната (кинески релјеф и архитектура) и позната (универзитетскиот кампус) околина, но вистинскта цел на филмот била да ги опушти и смири.

Откако пополниле анкета за тоа како се чувствуваат, на групите им била дадена задача или да направат 12-минутна тивка прошетка околу 10-те згради во универзитетскиот кампус или во молк да гледаат виртуелни тури од истата рута којашто била дел од прошетката. Откако ќе завршеле, истражувачите им давале на студентите да пополнат уште една анкета за расположението.

Истражувачите откриле дека студентите кои шетале имале зголемен „позитивен афект“, односно зголемена возбуда, радост, ентузијзам и позитивен однос со околината, додека пак кај студентите кои ја гледале виртуелната тура немало никаква промена. Ова е првото експериментално истражување кое документира дека движењето го зголемува позитивниот афект без знаење на учесниците дека нивното движење е важно за нивното однесување или дека е предмет на истражување.

За  вториот експеримент, истражувачите мереле дали движењето го подобрува расположението дури и под досадни околности. Истражувачите земале група од 93 студенти и им дале долга, тивка тура внатре во некоја досадна универзитетска зграда. За да го зголемат досадното чувство, на одреден дел од студентите им рекле дека потоа ќе треба да напишат есеј од две страни за 10 минути откако ќе заврши турата.

И повторно, истражувачите забележале дека шетањето имало значителен ефект врз целосниот светоглед. Како и во првиот експеримент, студентите пополниле анкета вклучувајќи анкета за расположението пред турата. Позитивниот афект бил речиси еднаков со оние кои шетале, дури и тие кои мислеле дека треба да напишат есеј.

Накратко, шетањето речиси сигурно ќе резултира со зголемено чувство на пријатна енергија и тоа е вистина без оглед на тоа дали очекувате да се случи тоа или не.

Затоа слободно излезете и прошетајте малку, дури и да е 5-минутна прошетка од вашата канцеларија до локалната продавничка. Речиси сигурно ќе ви го подобри расположението дури и ако сте под силен стрес или уморни.