Ќе ве насмеат до солзи: Матурски песнички од македонските алманси

Овој месец е посвете на матурските прослави.Матурантите, како и секоја година го спремаат алманахот, кој е збир на спомени од четирите години изминати во средното училиште.

Еве неколку песнички и текстови од македонските алманаси кои слатко не изнасмеаа поради нивната содржина:

Тој со професорите имаше мака а и мајка му дома не го сака. Татко го спремаше за голи оток кога му го миеше га*от на селскиот поток.

Перо фераер во класот ни беше и со народна музика секогаш не забавуваше. Секоја недела со 101 доаѓаше.

Тој никогаш не учеше, од часови секогаш бегаше, со неговата фризура и брада женските од гимназијта ги шокираше.

На час кромид јадеше, Со брадата женски палеше, Преку 7 планини живееше, Со тракторот се возеше,Во гулабите мислеше.

Таа е многу мирна и малку нервирна таа е верна другарка и секогаш спремна за дигање рака.

Во втора година во класот ни дојде и веднаш во прва клупа пројде. Од Ружица се прекрсти во Росица за да има поубаво име во дневник.

Таа после школо на кафе одеше и на другарките им гаташе со мастиката нон стоп шлакаше и од часови ја бркаа.