До кој степен одат матурантите и родителите: Колку се троши за една свечена вечер – матура

Матурите само што не започнале, а подготовките се во тек. Колку пари се потребни за една вечер?

Триста евра – за некои во просек доволно пари за одбележување на матурската вечер, а за други минимален буџет само за шминка и фустан.

Судејќи по размените на интернет форумите, просечната цена по човек за славење матура е 1.200 денари за хотелот и уште 1.000 денари за дискотеката по свеченоста.

Најважниот дел се чини е гардеробата. За матурант најевтиното одело е 3.000 денари во продавница на центарот на Скопје. Кошула и кравата се купува за од 1.500 до 3.000 денари а во просек толку чинат и чевлите. Сè на сè за облека хотел и дискотека се двојат околу 9.000 денари за да се помине евтино. Од друга страна, толку чини едно „брендирано“ сако.

Со 4.000 денари за фустан, 2.000 за свечени обувки и 1.500 денари за фризура најевтино може да поминат матурантките. Се на сè за ученичка која завршува средно се потребни околу 10.000 денари. Толку пари се потребни за „посвечено“ шминка, фризура врз основа на козметички третман не земајќи ја предвид облеката и трошоците за хотел и дискотека.

Да не заборавиме на роднините – за најблиските да прослават во кафеана, просечниот трошок е од 6.000 до 20.000 денари за една вечер.

Но, што ги мотивира гордите родители да потрошат од една до две просечни месечни плати за една вечер, со цел да го одбележат успехот на дете кое завршило не вишо, не високо туку средно образование?