Ќе се реконструираат над 33 улици во Ѓорче Петров

Во општина Ѓорче Петров започна реконструкција и рехабилитација на најмалку 33 улици во населбите Волково и Кисела Јабука.

Во моментов се врши подготовка пред асфалтирање на неколку улици во Кисела Јабука, а набрзо ќе почне истата постапка и во Волково.

Предвидено е да бидат опфатени околу 13 улици во Волково, а 20-тина во Кисела Јабука. Динамиката на реконструкцијата ќе ја налага изведувачот, односно Јавното претпријатие за државни патишта.