Карпош ја доби првата мобилна апликација за граѓанско учество 

Прва мобилна апликација за учество на граѓаните во утврдување на локални прашања и проблеми и вклучување во процесот на носење на одлуки „мЗаедница"  беше денеска промовирана во општина Карпош.

Апликацијата мЗаедница дополнително ќе ја зголеми ефикасноста на општинската администрација, а граѓаните на Карпош на полесен начин ќе може да пријавуваат проблеми, да даваат предлози и да преземаат иницијативи.

Мобилната апликација е изработена од општина Карпош заедно со Центарот за социјални иновации „БЛИНК 42-21" и е достапна за преземање за Гугл плеј и Апп Стор.

Апликацијата може да ја превземете од:

App Store: https://apple.co/2SbERqJ
Google Play: https://goo.gl/Y9qhpE